Советот за развој на Североисточен плански регион, на ден 10.12.2021 година, во Општина Куманово, ја одржа Конститутивната Седница.
По конституирањето на Советот за развој на Североисточен плански регион, Советот за Претседател едногласно ја избра Жаклина Јовановска – Градоначалник на општина Старо Нагоричане.
Советот донесе и Одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Советот за развој на Североисточен плански регион, со мандат од 4 (четири) години, без право на глас и Одлука за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Североисточен плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години, без право на глас.
No comment yet, add your voice below!