Skip to content

Регионален саем на социјални претпријатија во Куманово

ДАТУМ

ноември 26, 2021

Североисточниот плански регион во заедничка организација со Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, на 23-ти ноември, во Куманово го реализираше регионалниот саем на социјални претпријатија.

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“  е поддржан од Европската унија и го спроведува „Ептиса“ во конзорциум со „Барка“ и „Екорис“ во соработка со Министерството за труд и социјалната политика.

Регионалниот саем беше отворен со воведен говор на г-дин Владимир Павловски, координатор на Центар за развој на североисточен плански регион и регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво.

Тим лидерката на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ г-ѓа Барбара Садовска – претседателка на Фондацијата „Барка“ од Полска се обрати со својот специфичен начин на говорење и ги доближи присутните до сржта на социјалното претеприемништво. Во нејзиниот говор беа дадени насоки за концептот на социјални претпријатија, добри практики, стратегија за социјално претприемништво, како и можни извори за финансирање на социјалните претпријатија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy