Кратово — општина во северниот дел на североисточна Македонија со административен центар во градот Кратово. Лежи на изгаснати вулкански купи (кратери) од каде е и добиено името. Во општината се наоѓаат и неколку антички рудници за злато од Римскиот период.
Општина Кратово зазема подрачје од 375,44 км2 и има густина на населеност од 27,81 жит./км2.
Во состав на општината влегуваат и 30 села: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе.
Општина Крива Паланка — општина во североисточна Македонија, Република Македонија. Центар на општината е градот Крива Паланка.
Општината го зафаќа североисточното подрачје од Република Македонија, простираќи се на средна надморска височина од 400 метри (Славишко Поле) до 2252 метри (врвот Руен) на Осоговските Планини. Крива Паланка е град кој лежи на устието на две реки: Крива и Дурачка, кои извираат високо во Осоговските Планини во југоисточнниот дел од општината.
Општина Крива Паланка се протега на површина од 480,81 км2 на која се наоѓаат повеќе населени места – градот Крива Паланка и селата Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т’лминци, Трново и Узем.
Општина Куманово — општина во североисточниот дел на Република Македонија. Административно средиште е градот Куманово. Проширена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога кон општината се припоиле општините Орашац и Клечевце.
Општина Куманово содржи вкупно 46 села и населени места, т.е. градот Куманово и селата: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак’в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен.
Општина Ранковце — рурална општина во североисточна Македонија. Административен центар на општината е селото Ранковце.
На запад граничи со Општина Старо Нагоричане, на југ со Општина Кратово, а на исток со Општина Крива Паланка.
Територијата на општина Ранковце се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Го зафаќа просторот на Славишко Поле, кое му припаѓа на сливното подрачје на Крива Река.
Спаѓа во групата на средно големи општини и се граничи со општините Крива Паланка, Кратово и Старо Нагоричане и на север со општината Трговиште (Србија).
Општина Ранковце има значајна геостратешка положба бидејќи на север граничи со Србија и посредно на само 30 км преку Општина Крива Паланка се граничи со Бугарија. Низ општината поминува самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско–бугарската граница.
Сообраќајно е поврзана со магистралниот пат на југозапад со Куманово (50 км) и со Скопје (80 км), на исток со Крива Паланка (20 км) со тоа и кон североисток преку граничниот премин Деве Баир со Ќустендил (60 км) во Бугарија и на југ со Кратово (25 км).
Општина Ранковце претставува природна, географска и економска целина на 18 населени места од кои 3 се рамничарски, 9 се од ридски тип и 6 се планински, зафаќа површина од 242,55 км2. Како општински административен центар е истоименото село.
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.
Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).
Општина Липково — општина во Северна Македонија. Опфаќа 22 села во падините на Скопска Црна Гора и македонскиот дел на котлината Жеглигово, по течението на Липковска Река, десна притока на Кумановска Река. Градоначалник на Општина Липково е Еркан Арифи, а седиште на општината е селото Липково. Општината зафаќа површина од 267,82 км2 и густина на населението 101,03 жители на км2. Населението брои 27.058 (2002), од кои мнозинството Албанци.
Општина Липково се состои од 23 села:
Алашевце, Белановце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Думановце, Злокуќане, Извор, Липково, Лојане, Лукаре, Матејче, Никуштак, Опае, Оризари, Отља, Р’нковце, Ропалце, Руница, Слупчане, Стража и Стрима.