Skip to content

Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 во Североисточниот плански регион

ДАТУМ

октомври 16, 2026

Во рамки на процесот на подготовка на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, ќе се одржи јавна расправа во Североисточниот плански регион, со цел запознавање на јавноста со предложените плански решенија и обезбедување активно учество на локалните и регионалните чинители во процесот на просторно планирање.

Јавната расправа ќе биде можност за презентација на Нацрт-Просторниот план, како и за размена на мислења и доставување предлози, забелешки и сугестии од страна на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните.

Датум: 3 ноември 2026 година
Време: 11:00 часот
Место: Голема сала во Комитет, општина Куманово

Центарот за развој на Североисточниот плански регион ги повикува општините од Североисточниот плански регион, институциите, стручната јавност, граѓанските организации, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество на јавната расправа и со свои мислења и предлози да придонесат кон креирањето на идниот просторен развој на државата и регионот.

Вашето учество и придонес се од особено значење во процесот на планирање на одржлив, рамномерен и функционален просторен развој.

Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 може да се разгледа на следниот линк:

Нацрт Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view

Споделeте: