Skip to content

ИНФОРМАЦИИ ЗА ГРИНФИЛД И БРАУНФИЛД ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ

ДАТУМ

јуни 12, 2020

Општина Куманово го донесува овој план со кој ќе се задоволат потребите за инвестирање и заживување на просторот, а со тоа ќе се даде можност за понатамошен просторен развој кој воедно ќе претставува и економски развој на самата општина.

За индустриската зона Општина Куманово има изработено Основен Проект за патна инфраструктура со сообраќајна сигнализација и тротоари, фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа .

ГЕОГРАФСКО И ГЕОДЕТСКО ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ПЛАНСКИОТ ОПФАТ СО ОПИС НА НЕГОВИТЕ ГРАНИЦИ И ПОВРШИНИ

Подрачјето на стопанскиот комплекс е атарот на населено место Горно Коњаре-Општина Куманово. Локацијата на комплексот се наоѓа покрај коридорот Е-75 преку кој деректно е поврзана со патната мрежа на Р.Македонија и има директна врска со градот, како и со границата со Р. Србија на оддалеченост од 5 км. Директно преку коридорот Е-75 се поврзува и со Аеродромот Александар Велики, кој е на оддалеченост од 21 км, а на 40 км од Главниот Град на Р. Македонија-Скопје. Западно веднаш до самата локација поминува и меѓународната железничка пруга Скопје-Белград.

ПЛАНСКА ПРОГРАМА

Површината на планскиот опфат планиран со УПВНМ изнесува 65,00 хектари со вкупно 51 градежна парцела и со истиот се предвидени следните класи на намени:

Г-Производство, дистрибуција и сервиси каде спаѓаат:

Г2-Лесна и незагадувачча индустрија со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Д2, Г3, Г4-30%

Г3-Сервиси

Г4-Стоваришта

Е1-Комунална инфраструктура

Е2-Комунална супраструктура-трафостаница

Е3-Некомпатибилна инфраструктура

Б-Комерцијални и деловни намени каде спаѓаат:

Б2-Големи трговски единици со компатибилни класи на намена А2-20%, А3-20%, А4, Б3, Б4, В3-

40% и В5-10%

Б5-Хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Б4, Б6, В2, В3, Д3–40%

 

За спроведување на постапка за спојување и окрупнување на парцелите потребно е спроведување на предвидени законски процедури за промени на урбанистичкиот план за кои е потребно 12 до 24 месеци.

Информација за приклучок на струја , вода , канал и гас :

Вид на приклучок: Забелешка:
1 Уредување на градежно земјиште Согласно Програмата за уредување на градежно

земјиште за 2017 година , Службен Гласник

бр.13/2016 , индустријата во Општина Куманово

е ослободена од плаќање на надомест за

уредување на градежно земјиште.

2 Струја На локацијата има далековод , а фирмата БЕНТОН

– НИ ДООЕЛ – Куманово , има поднесено барање за

трафостаница

3 Вода Постојат технички можности за воведување на

водоводен систем во временски интервал од 6 –

9 месеци

4 Канализација На локацијата ќе поминува канал за фекални и

други комунални отпадоци ,

5 Гас Постојат технички можности за воведување на

гасоводен систем во временски интервал од 3– 6

месеци

 

 

Информација за отуѓени парцели :

Досега се отуѓени 6 (шест) градежни парцели во КО Горно Којнаре со намена Г2- лесна и незагадувачкаиндустрија , при што од страна на Општина Куманово , Сектор за урбанизам , комунални дејности изаштита на животната средина и природата издадени се 6 (шест) одобренија за градење за отуѓенитеградежни парцели.

Одобренијата за градење се издадени за изградба на :

  1. Управна зграда и индустриска хала – магацин , издадено на инвеститорот БЕНТОН –НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 21, КП 1982/4 КО Горно Којнаре м.в. Речица ,
  2. Управна зграда и индустриска хала за производство на амбалажа , издадено на инвеститорот БЕНТОН – НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 1 , КП 2003/3 КО Горно Којнаре , м.в. Новине
  3. Управна зграда и индустриска зграда , издадено на инвеститорот БЕНТОН – НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 11 , КП 2003/2 КО Горно Којнаре , м.в. Новине
  4. Хала за сечење , виткање и складирање на арматура за градежништво , издадено на инвеститорот КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ Куманово , за ГП 23, КП 1982/3 КО Горно Којнаре , м.в. Речица
  5. Отуѓена градежна парцела на инвеститорот ДГПТУ СИТИ АГРОКУЛТУРА ДООЕЛ увоз-извоз Куманово , за ГП 35, КП 1976/4 КО Горно Којнаре .
  6. Отуѓена градежна парцела на инвеститорот АМДИ ЏАФЕРИ од с.Отља, за ГП 32 , КП 32, КП 1976/3 КО Горно Којнаре.

 

 

Браунфилд инвестиции:

Назив на објект Број на објекти Адреса Вкупна површина Намена
Фабрика ДСУ Фудс ДОО Куманово 1 11 Октомври бб Куманово 12173 m2 Продажба
Деловен објект-Киро Фетак 1 ЈНА 24

Куманово

1300м2 Изнајмување
Фабрика за производство на брусни плочи и хартија 1 Драки,Туралево,Кратово 10483м2 Продажба

Споделeте: