Skip to content

Одржана Втора регионална форумска сесија

ДАТУМ

декември 4, 2023

Категории

,

На Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој, потребно е сите проекти да поминат низ форумскиот процес. Граѓаните прво ќе изразат проблемите со кои се соочуваат, а подоцна ќе се утврдат приоритетите и решението на тие проблеми, согласно средствата кои ќе бидат обезбедени од Бирото за регионален развој.

Оваа година не се знаат средствата кои ќе бидат обезбедени од Бирото за регионален развој. Меѓутоа, според предходните искуства од претходните години, секоја година средствата за регионален развој располагаат со околу 70 милиони денари, кои се распределуваат по обштините според нивната развиеност и апликациите за проекти и решенија на проблемите.

Граѓаните на минатата сесија решија дека ова е најприоритетно за целиот регион. Мислам дека што и да решат од стратегиските области на програмата на Центарот за североисточниот плански регион, нема да сгрешат. Предпоставувам дека тие ги земаат предвид најголемите можностите за проекти кои може да ги поддржи Бирото за регионален развој, и веројатно согласно со тоа колку би биле средствата наменети за овие проекти.

Начелно, на сите форумски сесии со средства од Бирото за регионален развој, граѓаните се одлучуваат за мали инфраструктурни подобрувања во обштините, кои сепак имаат регионален ефект. Тоа е едно од барањата, каде најмалку три обштини треба да бидат вклучени во тоа подобрување или да имаат бенефит од него. Ова покажува дека уште сме на почетокот на развојот.

Ако уште работиме на ситните инфраструктурни патни решенија, вклучително и до туристичките локалитети, има уште многу да се направи за развојот на регионот. Државата се обидува за рамномерен регионален развој и ефикасно распределување на средствата. Регионите што се развиени добиваат помалку средства, додека тие што се помалку развиени добиваат повеќе, заради долгогодишната запоставеност на последните.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy