Skip to content

Конститутивна Седница на Советот за развој на Североисточен плански регион

ДАТУМ

декември 22, 2025

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа конститутивна седница на Советот за развој на Североисточниот плански регион (СИПР), со што официјално започна новиот мандатен циклус на ова важно регионално тело. На седницата беа верифицирани мандатите на членовите, а беа донесени и повеќе одлуки од значење за понатамошно унапредување на коорди

нацијата и реализацијата на развојните приоритети во регионот.

По конституирањето на Советот, членовите едногласно го избраа Максим Димитриевски–градоначалник на Општина Куманово, за претседател на Советот за развој на Североисточниот плански регион. Со изборот на претседател, Советот ја потврди својата заложба за ефикасно и одговорно водење на процесите што придонесуваат кон рамномерен регионален развој, подобрување на локалната инфраструктура и креирање услови за одржлив економски раст.

Во продолжение, Советот донесе Одлука за отпочнување постапка за избор на претставник од бизнис-заедницата за член во Советот за развој на СИПР, со мандат од четири (4) години, без право на глас. Истовремено, беше донесена и Одлука за распишување Јавен повик за избор на член во Советот – претставник од здруженијата, исто така со мандат од четири (4) години, без право на глас.

Со овие одлуки, Советот ја нагласи важноста од вклучување на поширок круг чинители во процесот на планирање и спроведување на регионалните политики, со цел поголема транспарентност, подобра соработка и заеднички пристап кон решавање на развојните предизвици на Североисточниот плански регион.

Споделeте: