Проектот „Урбано зазеленување за здраво дишење“ има за цел унапредување на квалитетот на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот преку примена на одржливи и иновативни зелени
решенија во урбаните средини. Преку прекуграничната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, проектот е насочен кон јакнење на институционалните капацитети, размена на знаења и добри практики, како и обезбедување поддршка за локалните заедници во креирање поздрави, поотпорни и поодржливи градови.
Во рамките на проектот, Центарот за развој на Североисточниот плански регион организираше и реализираше дводневна обука на тема „Основи и примена на зелената инфраструктура“, која се одржа во Куманово. Обуката беше спроведена во ресторан „Грација“ и претставуваше дел од активноста Activity 1.3 – Capacity building in Kumanovo region, чија цел е јакнење на капацитетите на јавните претпријатија и другите релевантни засегнати страни за планирање и практична примена на зелени инфраструктурни решенија.
Обуката ја водеа а
нгажирани обучувачи со релевантно
искуство и експертиза во областа, а се реализираше преку партиципативни методи на работа, со комбинирање интерактивни работилници и предавачки сесии. Преку ваквиот пристап, учесниците имаа можност активно да се вклучат, да разменат искуства и да дискутираат за конкретни примери и можности за примена на зелената инфраструктура во локални услови.
На обуката учествуваа вкупно 40 претставници од Република Северна Македонија и Република Бугарија. Преку комбинација на предавања и интерактивни сесии, студии на случај од меѓународната пракса, видео-материјали и дискусии, учесниците се запознаа со улогата на зелената инфраструктура како ефикасна мерка за решавање на локални еколошки предизвици, п
одобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на општиот квалитет на живот во урбаните средини.
Главната цел на овие обуки е унапредување на знаењата и вештините на претставниците на општините (одделенијата за локален економски развој, урбанистичко планирање и креирање политики), јавните претпријатија и другите релевантни засегнати страни, неопходни за квалитетно планирање и практична примена на зелена инфраструктура. Со зајакнување на човечките и институционалните капацитети, проектот придонесува кон поефикасно управување со урбаните зелени површини и развој на решенија што директно ќе влијаат на подобро и поздраво живеење за граѓаните.
