Центарот за развој на Североисточен плански регион (ЦРСИПР) е формиран согласно Законот за рамномерен регионален развој во
Мај 2008 година. Седиштето на Центарот е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, општина Куманово.
Североисточниот Регион, еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во североисточниот дел на државата, се простира по течението на реките Пчиња и Крива Река, a граничи со Србија, Косово и Бугарија, и внатрешно со Скопскиот и Источниот Регион. Во негов состав влегуваат 6 општини и 192 населени места, од кои 189 се рурални населби. Густината на населеност изнесува 75 жители/км2. Североисточниот Регион ги опфаќа општините: Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, со вкупна површина од 2310 км2 и зафаќа 9% од територијата на Република Македонија. Главен центар на регионот е градот Куманово.
Центарот за развој, како правен субјект, игра клучна улога во оформувањето на регионалната стратегија и спроведување на планските документи кои се однесуваат на регионалниот развој. Освен што е одговорен за стручните и административно-техничките работи на Советот за развој на планскиот регион, тој исто така активно работи на поттикнување на меѓу општинската соработка. Центарот е посветен на промоција на развојните потенцијали на регионот и активно соработува со општините, обезбедувајќи им стручна и техничка помош во изработка на нивните програми за развој. Покрај тоа, тој обезбедува поддршка на НВО и граѓански организации при подготовка на проекти во областа на регионалниот развој. Еден од главните приоритети на Центарот е да ја засилува капацитетот на локалните заедници, бизнис секторот и да стимулира регионален развој. Освен што работи на засилување на меѓу општинските врски, тој исто така иницира и поддржува проекти кои целат кон економски раст, социјална инклузија и подобрување на животната средина. Центарот, со својата проактивна улога, се стреми кон создавање на динамичен и одржлив регион, каде што секој граѓанин ќе има можност за квалитетен живот и учество во регионалниот развој.
Центарот активно се вклучува во искористување на развојните можности кои ги нудат претпристапните Европски фондови ИПА, со организирање на информативно-едукативни работилници за сите заинтересирани страни, како и со директно аплицирање со развојни проекти.
Организациска поставеност
Советот за развој на планскиот регион се формира за секој регион посебно.
Основачи на Центарот за развој на Североисточен плански регион се Единиците на локална самоуправа од Североисточен плански регион.
Со Советот раководи Претседателот Тодорче Николовски, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат до 11.12.2024 година, без право на повторен избор во тековниот мандат. Во Советот членуваат градоначалници од Североисточен плански регион и по еден претставник од здруженијата и од бизнис заедницата, без право на глас.
Градоначалници на Општините од Североисточен плански регион:
- Г-дин Максим Димитриевски, Градоначалник на Општина Куманово
- Г-дин Тодорче Николовски, Градоначалник на Општина Кратово
- Г-дин Борче Спасовски, Градоначалник на Општина Ранковце
- Г-а Жаклина Јовановска, Градоначалник на Општина Старо Нагоричане
- Г-дин Erkan Arifi, Градоначалник на Општина Липково
- Г-дин Сашко Митовски, Градоначалник на Општина Крива Паланка
- Г-а Стојанка Стојковиќ, претставник од бизнис заедница
- Г-дин Agron Fazliji, претставник од здруженијата
- ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
- донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
- донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион;
- утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на планскиот регион;
- доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
- обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
- иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
- ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси;
- врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
- советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.
Вработени
- Го претставува, застапува и раководи со Центарот;
- Управува со имотот на Центарот;
- Воспоставува и одржува хоризонтална и вертикална комуникација;
- Ја координира, насочува и контролира работата на Центарот;
- Донесува Правилник за систематизација на работните места во Центарот;
- Одлучува за вработувањата, правата, должностите и одговорностите на вработените;
- Предлага на Советот за развој на Источниот плански регион: програми и планови, предлог проекти, извештаи и останати документи изготвени од страна на Центарот;
- Врши други работи утврдени со Закон.
- Мониторира и применува законите во областа на рамномерниот регионален развој, обезбедувајќи согласност со стратешките и планските документи;
- Врши детална стручна обработка на прашањата кои се од критично значење за законските одредби и прописите;
- Активно подготвува, координира и реализира развојни проекти за планскиот регион, со финансирање од домашни и меѓународни извори;
- Се ангажира во проекти финансирани од ЕУ фондови, меѓународни организации и финансиски институции;
- Игра клучна улога во формирањето и раководењето на проектни тимови за успешна реализација на задачите;
- Стимулира и поттикнува меѓуопштинска соработка, зајакнувајќи врските и комуникацијата во рамките на планскиот регион;
- Активно врши промоција на развојните потенцијали и можности на планскиот регион;
- Креира и одржува ажурирана база на податоци за сите аплицирани, одобрени и реализирани проекти;
- Остварува и интензифицира контакти со домашни и меѓународни организации, учествувајќи активно во подготовката на проекти;
- Задолжен за успешната реализација на активностите и задачите на Центарот, во согласност со развојните приоритети;
- Обезбедува квалитетни услуги и реализација на задачи за различни министерства и државни институции.
- Пружа стручна и техничка помош на општините, помагајќи им во подготовката на нивните развојни програми;
- Обезбедува специјализирани услуги за здруженија и други страни кои покажале интерес за регионален развој;
- Редовно подготвува извештаи, информации, анализи и други релевантни материјали;
- Следи и применува законите во областа на јавните набавки, концесии, јавно-приватни партнерства и други прописи;
- Врши стручна обработка на прашањата поврзани со јавни набавки и сродни области;
- Во тесна координација со раководителот, превзема акции за успешно спроведување на постапките;
- Покренува и управува со постапки за јавни набавки, концесии и други, според законите на РСМ;
- Учествува во креирањето на планот за јавни набавки и тендерската документација;
- Подготвува одлуки, акти и договори во областа на јавните набавки;
- Остварува ефективна комуникација со Комисијата за јавни набавки и други институции;
- Ажурира информации и податоци во ЕСЈН и други релевантни бази;
- Води и одржува досиејата и евиденцијата за јавни набавки;
- Соработува активно со општините и партнерите во проектите за успешна реализација на постапките;
- Врши различни задачи и обврски доверени од страна на непосредниот раководител и одговара за квалитетот на својата работа;
- Ги следи и применува законите и другите прописи од областите предмет на неговата работа;
- Врши стручна обработка на прашања кои се од значење за примена на законските одредби и прописи од областите предмет на негова работа;
- Поддршка и советодавни услуги на малите и средни претпријатија во Североисточен плански регион;
- Предлага мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото на регионално ниво;
- Поддршка на претприемништвото на регионално ниво;
- Изработка на бизнис каталози;
- Спроведување услуги/активности за поддршка на приватниот сектор;
- Формира и редовно ажурира бази на податоци за мали и средни претпријатија;
- Реализира утврдени активности за регионалниот Бизнис Центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија;
- Реализира активности за поттикнување на конкурентноста преку активна поддршка на приватниот сектор;
- Подготовка и реализација на проекти за развој и поддршка на бизнис секторот во Североисточен плански регион;
- Учествува во подготовка на годишните извештаи на Центарот;
- Подготвува, координира и реализира проекти за развој на планскиот регион финансирани од фондовите и Програмите на ЕУ, други странски и меѓународни извори и донатори, меѓународна организација или меѓународна финансиска институција;
- Учествува во или раководи со проектни тимови;
- Ги реализира активностите и задачите на центарот кои произлегуваат од развојните приоритети на планскиот регион;
- Реализира договорени задачи и услуги за Министерства и други државни институции;
- Врши и други работи што ќе му бидат доверени во надлежност од страна на непосредниот раководител;
- Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања;
- Ги следи и применува законите и другите прописи од делокругот на работењето на одделението и областите поврзани со работата на Центарот
- Врши стручна обработка на прашања кои се од значење за примена на законските одредби и прописи од делокругот на работењето на одделението и областите поврзани со работата на Центарот
- Учествува во подготовка на предлог-Правилникот за систематизација на работните места во Центарот, како и измените и дополнувањата
- Подготвува предлози на правилници, одлуки, договори и други општи и поединечни акти од областа на работните односи, канцелариско-архивско работење и други акти во надлежност на Центарот
- Учествува и помага во спроведување на постапка за вработување
- Подготвува и обработува документација во врска со човечки ресурси
- Учествува во подготовка на решенијата поврзани со распоредување, плати, годишни одмори и други отсуства, престанок на работниот однос, договори за вработување, како и документација во врска со други права и обврски на вработените согласно со прописите за работни односи
- Го подготвува планот за користење годишни одмори
- Водење на персонални досиеја за сите вработени
- Помага во вршење на стручните и организациони работи за потребите на Советот за развој на Североисточниот плански регион и дава стручна помош во попдготвување на актите од негова надлежност
- Учествува во подготовка и организација на седниците на Советот за развој на Североисточниот плански регион
- Ги обработува седниците на Советот за развој на Североисточниот плански регион
- Учествува во вршење на административно-технички работи заа потребите на Советот за развој на Североисточниот плански регион (водење на записници на седниците, евиденција за присуство на седниците и слично)
- Подготвува извештаи, информации, анализи и други материјали од надлежност на одделението
- Врши и други работи што ќе му бидат доверени во надлежност од страна на непосредниот раководител
- Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања