Центарот за развој на Североисточен плански регион како имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува јавност и отвореност во работата, и им овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Службенo лице за посредување со информации од јавен карактер:
Тефик Зумбери
моб: 070 989 079
e-mail: tefik_zimberi@outlook.com
Атина Мургашанска
моб: 078 234 854
е-mail: atinaa2004@yahoo.com
НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ:
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон. Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис.
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација.
Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.