Skip to content

Заврши проектот на Фондацијата за култура и спорт од Куманово со партнери од Бугарија

ДАТУМ

септември 25, 2023

Фондацијата за култура и спорт од Куманово денеска ги презентираше активностите од  проектот „Соработка во визуелни уметности за промовирање на регионалниот културен идентитет“ кој заеднички го спроведуваше со партнерите од Банско и Добриниште, Бугарија. Фондацијата е водечки партнер во проектот кој се спроведува од септември, лани.

-Снимавме краткометражен филм „Кината во минатото“ во Куманово, Банско и Добриниште, кој наскоро ќе биде објавен. Преку проектот набавена е и техничка опрема, осветлување, озвучување, проектор и соодветна опрема со која можеме да ги организираме бројните манифестации кои се одржуваат во просториите на Занаетчискиот дом каде е седиштето на Фондацијата, изјави, в.д директорот на Фондацијата за култура и спорт, Марио Арангеловски.

Опремата ќе можат да ја користат и останатите уметници, организации, кои реализираат манифестации во Занаетчискиот дом.

Во рамки на проектот отворена е и веб-страница на која ќе се објавуваат културните манифестации во трите општини. На овој начин, наведуваат од Фондацијата, индиректно се развива туризмот во овие општини. Целна група се и уметниците, работници во културата, во туризмот кои меѓусебе се запознаа на  заедничките средби и разменија искуства.

Линк до веб-страницата: project-visualarts-mkbg.org

Вредноста на проектот е 96 илјади евра од кои 85 проценти се поддршка на ЕУ, а националното кофинансирање е 15 отсто.ам/фф/

извор 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy