Изминатите два дена, поточно, на 13.09.2023 и 14.09.2023 нашите партнери во проектот за соработка во визуелни уметности за промовирање на регионален културен идентитет, од соседната Република Бугарија, го посетија Куманово, со цел спроведување на шестата дејност од проектот, односно, дводневен форум за дискусија на тема поврзана со развивање на туризмот преку уметноста и културата.
Дискусијата се одржа во ресторан “Грација” – Куманово.
Покрај официјалниот дел од работната средба, гостите во рамките на слободното време имаа прилика да го посетат НУ “Музеј” – Куманово, како и црквата “Св.Никола”.
На 29.09.2023 официјално завршува проектот за соработка во визуелни уметности за промовирање на регионален културен идентитет, на кој што водечки партнер е Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово. А, на 21.09.2023 во просториите на Занаетчиски дом – Куманово ќе се одржи завршна прес-конференција во однос сработените активности во рамките на проектот.
No comment yet, add your voice below!