Кандидати за учество во 3-годишна програма за поддршка и едукација.
ТЕМИ:
• Пчеларство со акцент на органско производство
• Формирање на нови и зајакнување на постоечки пчеларници
• Обука за продажба и маркетинг на пчелни производи
ПРЕДУСЛОВИ
Жени со најмалку основно образование (приоритет
се студенти, невработени и жени од ранливи категории) и млади (15-29
години). Кандидатите доаѓаат од руралните средини на Североисточниот
плански регион и Вардарскиот регион.
Се препорачува учесниците да поседуваат или да имаат на располагање
земјоделска површина која ќе овозможи поставување на пчеларник и која
на пчелите ќе им обезбеди добар принос на нектар и полен.
ОБРАЗОВАНИЕ
На избраните корисници ќе им биде овозможена едукативна обука од
професионални пчелни експерти од Словенија и Северна Македонија.
КОНТАКТ
Доколку сте мотивирани, известете не по е-пошта на или на телефон
adra.mkd@gmail.com, 070 225 651 (г. Дејан Антиќ, проект менаџер).
No comment yet, add your voice below!