Skip to content

Презентиран проектот на Фондацијата за култура и спорт (ФОТО)

ДАТУМ

март 22, 2023

Категории

,

роектот за соработка во визуелните уметности за промовирање на регионален културен идентитет чиј носител е Фондацијата за култура и спорт Куманово, денеска беше и официјално промовиран на прес конференција.

 

 

Станува збор за проект чија цел е промовирање на соработката меѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам, а се реализира во соработка со Народно читалиште „Димитар Благоев 1925“  во рамките на ИПА програмата.

– Целни групи на овој проект се културни и туристички чинители во Банско и Куманово кои би имале корист од резултатите од проектот и подобрената туристичка промоција, односно понуда, партнерски институции и други локални културни институции, локални самоуправи, претпријатија и институции поврзани со туризмот, рече Марио Арангеловски, директор на Фондација за култура и спорт Куманово.

Во рамките на проектот како што истакна Арангеловски ќе се одржат неколку активности, а воедно преку истиот ќе биде извршена и набавка на аудио и видео опрема за Фондацијата за култура и спорт и ќе се изработи и документарен филм.

 

 

На крајот на денешната прес конференција преку интернет врска на настанот се приклучија и претставници на бугарските институции кои се дел од проектот.

Teкстот е преземен од 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy