Центарот за развој на Североисточен плански регион како Регионален центар за социјални претпријатија го организираше вториот по ред Регионален саем на социјални претпријатија, кој се оддржа на Градскиот плоштад во Куманово на 25.10.2022 година и на кој учествуваа здруженија, занаетчии, организации и претпријатија. Кумановци имаа можност да купат уникатни и рачно изработени производи од кожа, глина, сувенири и везени предмети со етнолошки мотиви, но и еколошки сокови и ракија од домашни работилници.
Учесниците на саемот велат дека ваквите проекти придонесуваат за нивна поголема видливост и презентација на нивните производи пред купувачите.
Саемот е во организација на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.
No comment yet, add your voice below!