Центарот за развој на Североисточен плански регион во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ организира Регионални форуми на заедницата-алатка за идентификација,приоретизирање и подготовка на проекти од Грантова шема на МЛС/СДЦ и проекти од Биро за регионален рамномерен развој. Втората сесија од форумот ќе се одржи на 27.04.2022 год (среда) во 10 часот во ресторан Грација-Куманово, на истата ќе се врши презентирање на концепт решенијата од страна на експертот, дискутирање и бодување од страна на учесниците. Учество може да земат само тие што присуствувале на првата сесија за да може да го остварат правото на глас.
Според упатството за форумите право на учество и на глас имаат максимум двајца од ЕЛС (Единиците на локална самоуправа).
No comment yet, add your voice below!