Североисточниот плански регион во заедничка организација со Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, на 23-ти ноември, во Куманово го реализираше регионалниот саем на социјални претпријатија.
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е поддржан од Европската унија и го спроведува „Ептиса“ во конзорциум со „Барка“ и „Екорис“ во соработка со Министерството за труд и социјалната политика.
Регионалниот саем беше отворен со воведен говор на г-дин Владимир Павловски, координатор на Центар за развој на североисточен плански регион и регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво.
Тим лидерката на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ г-ѓа Барбара Садовска – претседателка на Фондацијата „Барка“ од Полска се обрати со својот специфичен начин на говорење и ги доближи присутните до сржта на социјалното претеприемништво. Во нејзиниот говор беа дадени насоки за концептот на социјални претпријатија, добри практики, стратегија за социјално претприемништво, како и можни извори за финансирање на социјалните претпријатија.
No comment yet, add your voice below!