Skip to content

Бислимска Клисура во Североисточен плански регион

ДАТУМ

јули 15, 2021

Категории

Бислимската клисура е вистински скриен скапоцен камен на североисточниот регион.
Во непосредна близина на градот Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја изградила прекрасната Бислимска Клисура, која по своите карактеристики е меѓу најинтересните во Република Македонија. За клисурата и нејзините богатства малкумина знаат, иако станува збор за природна реткост која е оддалечена само 5 км од градот. Под името Бислимска клисура, е опфатен делот помеѓу ридот Краста од западната и ридот Голиќ од источната страна, односно длабоко всечената долина на реката Пчиња од с. Доброшане до с. Пчиња. Клисурата е долга само 7 км, но и на така мала должина има многу што да се види. Во народот овој простор се нарекува едноставно “Бислим” и веднаш асоцира на каменлив и мистериозен простор каде ретко кој поминува. Според сознанијата, името најверојатно потекнува од средновековното село кое се простирало во средишниот дел од клисурата, а кое се раселило кон крајот на 16 или 17 ти век т.е. за време на турското владеење.
Развојот на локалните капацитети е важен за развојот на целиот регион.
Проектот „Уредување и валоризација на спортско-рекреативниот центар Бислим“ е имплементиран од Центарот за развој на Североисточен плански регион, а е финансиран преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ) застапувана преку Амбасадата на Република Швајцарија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy