На 6 јули (вторник) 2021 година, во Општина Куманово како домаќин, се одржа конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Североисточниот плански регион.
Врз основа на Законот за социјална заштита, Советот за социјална заштита на плански регион го сочинуваат сите градоначалници на единиците за локална самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион и сите директори на центрите за социјална работа од подрачјето на планскиот регион.
Со основањето на Советот за социјална заштита на планскиот регион се конституира нов актер во областа на социјалната заштита и планирањето на развојот на социјалните услуги.
Оваа иницијатива е финансиски поддржана од стана на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – ОИРРР„, преку кој постојано се покажува залагање и интерес за тема како што е социјалната инклузија.
Во рамките на Проектот ОИРРР за Североисточниот плански регион освен доделената експертска поддршка потребна за формирање на Советот за социјална заштита се предвидени и средства за набавка на три возила за потребите на центрите за социјална работа од подрачјето на планскиот регион.
No comment yet, add your voice below!