Skip to content

Извори за финансирање за МСП

ДАТУМ

септември 12, 2020

Европска банка за обнова и развој

Европската Банка за обнова и развој е активна со следнте програми за поддршка на развојот на деловните активности:
-Програма за управување со организациски промени- ТАМ (се разменува менаџерски “know-how” и се развиваат деловни способности,
-Програма за деловни советодавни услуги- БАС (се развива професионалниот капаците на локалните консултанти кои ќе им обезбедуваат на МСП стручни совети за деловното извршување),
-Заеднички виенски институт (спроведува семинари за менаџери во претпријатија, претприемачи и владини службеници),
-Во сите свои активности Банката постапува во согласност со своите корпоративни политики, процедури и стратегии, како што се:политиката на јавни информации, политиката за животна средина, независниот механизам за ресурси итн.
http://www.sep.gov.mk/content/?id=233#.VcNZ-_OqpBc

 

Програма хоризонт 2020

Програмата Хоризонт 2020 поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологи, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активнсоти поврзани со развој на нови производи и воведување на нови технолошки процеси. Во рамките на Програмата Хоризонт 2020 е Инструментот МСП наменет исклучиво за мали и средни претпријатија. – Република Македонија, како асоцијативна земја членка во Програмата, учествува под еднакви услови и права како и земјите членки на ЕУ. Со цел успешно учество во програмата, Министерството за образование и наук а во улога на координатор на програмата, формира мрежа на национални контакт лица за поддршка на сите заинтересирани апликанти.
– Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индувидуални истражувачки центри, лабаратории, мултинационални компании, млаи и средни претпријатија, невладини организации, јавна администрација, локална самоуправа.
– Конципирана е врз три столба- извондредност во науката, лидерство во индустријата и општествени предизвици, кои содржат бројни области за воспоставување и развој на интернационална соработка преку соодветни проекти, конференции, тренинг работилници, семинари, форуми, студиски посети и слично.
– Користењето на овој финансиски инструмент е врз основа на аплицирање на предлог проект на претходно објавен повик и изграден конзорциум- партнерство со субјекти од минимум 3 земји членки на ЕУ или асоцијативни земји кон Програмата.
– За повеќе информации околу можностите за аплицирање на следниот линк:
http://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/index.html

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија нуди неколку програми за финансирање на малите бизниси. Една од тие програми е „Самовработување – Промоција на одржливи вработувања и поддршка на Владата на РМ во имплементацијата на оперативниот план за активен пазар на труд“, која Министерството ја реализира во партнерство со АВРМ, со УНДП и со АПП. Оваа програма започна во 2007 година и предвидува советодавна и финансиска поддршка за остварување на 950 одржливи вработувања, односно на 950 самовработувања во 900 мали оформени бизниси.Намената на оваа програма е активирање на пазарот на трудот и креирање работни места со стимулирање на побарувачката на пазарот на трудот, изедначување на неговата понуда и побарувачка во согласност со потребите, подобрување на овој пазар и намалување на сивата економија.Програмата „Самовработување“ се имплементира преку неколку чекори и активности: објавување јавен оглас за аплицирање; давање информации од јавен карактер за можностите во врска со програмата; обука за развој на бизнис-идеи и за претприемачки вештини на првобитно избраните кандидати; поддршка за изработка на бизнис-план; изработка на критериуми, евалуација и селекција на изработените бизнис-планови и, најважното, асистенција при регистрација на фирмите и давање мали грантови на регистрираните фирми за снабдување со неопходната опрема и/или материјали.Целта на програмата е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа, кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со кој тие ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. Министерството го реализира ипроектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за лица до 29- годишна возраст, чија цел е да се стимулираат заинтересираните бизниси да отвораат нови работни места за млади лица до 29 години, за што се поддржани со кредит во износ од 4000 евра по лице. Бизнисите добиваат кредит во износ од 4000 евра по лице (за максимум 3 лица или, вкупно, 12000 евра) со грејс-период од една година и со 45 каматна стапка од 1%.Правниот субјект што ќе вработи невработено младо лице до 29 години со полно работно време има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос. Рокот на враќање на кредитот е две години по завршувањето на грејс-периодот. Сличен на овој е проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места, чија цел е да се стимулираат заинтересираните бизниси да отвораат нови работни места, за што се поддржани со кредит во износ од 3000 евра по лице. Бизнисите добиваат кредит во износ од 3000 евра по лице (за максимум 3 лица или, вкупно, 9000 евра) со грејс-период од една година и со каматна стапка од 1%. Овде не постои возрасно ограничување на лицата што треба да се вработат. Рокот на враќање на кредитот е две години по завршувањето на грејс-периодот. И овие два проекта Министерството ги реализира преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. Покрај тоа, Министерството за труд и социјална политика,со цел да се зголемиинформираноста на работодавците за активните програми и мерки за вработување, да се дијагностицираат бариерите со кои се соочуваат работодавците во креирање на работните места и да се зајакне социјалниот дијалог меѓу работодавците, единиците на локална самоуправа и државните институции на локално ниво, формирафоруми со работодавци, кои се наменети, пред сè, за малите бизниси. Со овој проект е опфатена целата територија на Република Македонија и со непосреден контакт се информираат работодавците за можностите за учество во активните програми и мерки за вработување и за финансирање.

е-маил: mtsp@mtsp.gov.mk

 

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

 

– АФПЗРР Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможува ефикасно управување со финансиските средства како од Буџетот на Р. Македонија, така и со средствата од претпристапната помош на ЕУ наменети за руралниот развој. АФПЗРР ги вклучува следните сектори кои се директно поврзани со претпристапната помош на Европската унија за рурален развој:

  • Сектор за внатрешна ревизија;
  • Секторот за одобрување на плаќања;
  • Сектор за контрола; • Сектор за финансиски прашања и
  • Сектор за општи и правни работи.

Надлежности на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вклучуваат:

  • Извршување на мерките за директните плаќања во земјоделството;
  • Интервенции на пазарот на земјоделски производи;
  • Имплементација на производните квоти;
  • Извршување на мерките за рурален развој;
  • Реализација на средствата од претпристапната помош на Европската унија за рурален развој;
  • Спроведување на мерките на државна помош во земјоделството. Во рамки на програмата за финансиска поддршка на земјоделството, се вршат директни плаќања (субвенции) за следните мерки: • Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства (директни плаќања за растително и сточарско производство) • Мерки за дополнителна поддршка за развојот на земјоделството

Во рамки на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, постојат повеќе мерки: • Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност • Советодавни услуги во земјоделството • Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства • Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите • Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи • Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството и заштита од природни непогоди • Соработка за развој на нови производи, процеси и технологии • Економски здружување на земјоделски стопанства • Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности • Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики • Органско производство • Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини • Обнова и развој на селата • Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја • Воспоставување на локални акциони групи (ЛАГ) • Реализација на стратегии за локален развој на руралните средини

Ø ИПА Програма за рурален развој 2014-2020 (ИПАРД) Целите на оваа програма се преку развој на човечкиот и физичкиот капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување на конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на ЕУ, особено на оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини, преку следните приоритети:

  • Подобрување на одржливоста и конкурентноста на земјоделските стопанства и преработката на храна
  • Обновување, зачувување и подобрување на екосистемите зависни од земјоделството и шумарството
  • Промовирање рамномерен територијален развој и развој на рурални средини
  • Трансфер на знаење и иновации во областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој

Во рамки на оваа програма, достапни се следните мерки: • Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства • Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи • Инвестиции во рурална јавна инфраструктура • Диверзификација на фарми и развој на бизниси •

Техничка помош Адреса и контакт Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје тел: 02 3097 450 факс: 02 3097 454 веб: www.ipardpa.gov.mk Емаил: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

 

Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC)

 

Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) и Државен секретаријат за економски работи (SECO) (www.eda.admin.ch) со програмите:

Ø Добро владеење, полови и трансферзални теми

Ø Регионална соработка

Ø Економски развој

Ø Инфраструктура и животна средина

Ø Организација и партнерство

Адреса и контакти Амбасада на Швајцарија ул.Максим Горки бр.19 1000 Скопје Тел. +38923103300 Факс. +38923103301 веб:https://www.eda.admin.ch/skopje Емаил: skopje@eda.admin.ch

 

Министерство за финансии (https://cfcd.finance.gov.mk/?lang=mk)

Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии на Република Македонија е надлежен за стабилно финансиско управување на сите проекти кои се финансираат од страна на ИПА компонентите, при што од компонентите за кои е надлежен овој сектор, за приватниот сектор од Пелагонискиот плански регион најважна е ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси. ЦФЦД претставува водечко тело во рамките на оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кој врши склучување договори и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ. ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ИПА координаторите. Адреса и контакт Сектор за централно финансирање и склучување на договори Министерство за финансии Даме Груев 12, 1000 Скопје емаил: cfcd@finance.gov.mk Факс: +389 2 3255 723 Радица Коцева – раководител на сектор тел: 02 3255-374 емаил: radica.koceva@finance.gov.mk

 

Фонд за иновации и технолошки развој-ФИТР

Мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на компаниите.

Фокусот на работењето на Фондот се однесува особено на:

(1) Кофинансирање микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Република Северна Македонија, а со цел поттикнување на иновациската дејност, имплементација на иновативни решенија и на иновативни процеси, воведување иновации и трансфер на технологии кај компаниите, како и поддршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст.

(2) Финансирање на новоосновани, микро и мали претпријатија, регистрирани во Република Северна Македонија, фондации и акцелератори, а со цел поттикнување на иновативноста кај компаниите и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности, преку формирање „спин-оф“ компании.

(3) Постигнување долгорочен позитивен придонес за развојот на националната економија, подобрување на конкурентноста преку технолошки и оперативни унапредувања и обезбедување нови работни места; поддршка на формирањето на деловно-технолошки акцелератори, субјекти за давање инфраструктурна поддршка на иновациската дејност, со цел акцелерација на претприемништвото преку поддршка на физички лица што сакаат да основаат компанија, како и на веќе основани претпријатија во нивната почетна фаза (кои постојат максимум 6 години) преку обезбедување едукативна, логистичка и финансиска помош.

e-mail: info@fitr.mk

web:  https://fitr.mk

 

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно Програмата за работа на агенцијата, има јавни повици за:

  • подготвување, печатење и дистрибуција на печатен промотивен материјал, учество на туристички саеми, билборд кампањи и реклами во печатени медиуми, користење на социјални мрежи и промоција на веб пребарувачи
  • за откуп на фотографии со мотиви на туристички локации
  • аплицирање за субвенции за странски организиран туристички промет

Веб: http://tourismmacedonia.gov.mk/

 

Развојна банка на Северна Македонија

РБСМ е развојна и извозна банка чија што стратешка цел е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку кредитирање на мали и средни претпријатија и извозни компании. Банката работи во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на РСМ под надзор на Министерството за финансии и во согласност со банкарската регулатива под супервизија на Народната банка на РСМ. За своите обврски РБСМ одговара со целиот свој имот, а РСМ гарантира за обврските на Банката.

Активности на РБСМ

  1. финансирање на развојот на македонското стопанство,
  2. финансирање на инфраструктурата,
  3. поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во РСМ,
  4. поттикнување на извозот,
  5. поттикнување на заштита на животната средина,
  6. осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици.
  7. поддршка на регионалниот развој

РБСМ ги нуди следните финансиски производи:

 

  1. КРЕДИТИРАЊЕ
  • кредит за поддршка на извозот – обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
  • кредит за мали и средни претпријатија – трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, РБСМ, ЕИБ, ЕИБ-револвинг;
  • кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата – примарно производство, преработка и извоз – преку комерцијалните банки или директно преку РБСМ;
  • кредит за микро компании – микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
  • кредит за енергетика – енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
  • кредит за намалување на невработеноста – создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање;
  • кредит со гарантна шема – микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки;
  • кредит за сместувачки капацитети – инвестиции за микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од три ѕвезди;
  • кредит за старечки домови и градинки – микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки;
  • кредит за општините во РСМ – за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка;
  • бескаматни кредити за намалување на влијанието на COVID-19 во економијата – микро, мали и средни трговски друштва.
  1. КРЕДИТНО ОСИГУРУВАЊЕ на:
  • домашни побарувања (пред и по испорака) и
  • извозни побарувања (пред и по испорака)

од комерцијални и политички ризици.

  1. ФАКТОРИНГ– е најнов производ кој е единствен на финансискиот пазар во РСМ. Претставува услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.

Web: https://mbdp.com.mk/

Министерство за економија

Министерството за економија работи на создавање на услови за развој на индустријата, на кластерингот и вклучување на македонските компании во мрежата на глобални добавувачки ланци, развиен претприемачки сектор, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда.

Поддршка и развој на мали и средни претпријатија

– Поддршка на домашните претпријатија, пред сѐ на малите и средните претпријатија, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување и зголемување на нивото на платите во економијата;

– Зголемување и подобрување на можноста за раст на малите и средните претпријатија (МСП);

– Динамичен екосистем на претприемништво и иновации;

– Конкурентни мали и средни претпријатија како двигатели на инклузивниот економски раст.

 Развој и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија

– Зајакнат меѓуинституционален дијалог во функција на креирање на политики, мерки и активности за индустриската политика;

– Унапредување на капацитетот и конкурентноста на кластерите и нивните членки, нивно меѓународно поврзување, унапредување на знаењата базирани на високи технологии, истражување и развој, извозноориентирани стратегии и модел базиран на индустријализација;

– Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на индустријата на трајна основа;

– Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.

 Развој на туризмот и угостителството во Република Македонија

– Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда во земјата, преку креирање на поволна бизнис клима и зголемена валоризација на културните и природните богатства;

– Зголемување на бројот на домашни и странски туристи, раст на приходите од туризмот, со крајна цел зголемено учество на туризмот во вкупниот БДП на земјата;

– Зголемување на туристичката понуда и градење на препознатлив туристички имиџ со воведување на светски стандарди кај туристичко-угостителските услуги;

– Унапредување на меѓународната туристичка соработка;

– Поддршка на туристичките дестинации надвор од туристичка сезона;

– Конкурентна бизнис клима за раст на бројот на мали и средни претпријатија и нови работни места од областа на туризмот и угостителството;

– Натамошен развој на активниот туризам како потенцијал за силен локален економски развој.

Web: https://economy.gov.mk/

e-mail: info@economy.gov.mk

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy