Општина Куманово го донесува овој план со кој ќе се задоволат потребите за инвестирање и заживување на просторот, а со тоа ќе се даде можност за понатамошен просторен развој кој воедно ќе претставува и економски развој на самата општина.
За индустриската зона Општина Куманово има изработено Основен Проект за патна инфраструктура со сообраќајна сигнализација и тротоари, фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа .
ГЕОГРАФСКО И ГЕОДЕТСКО ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ПЛАНСКИОТ ОПФАТ СО ОПИС НА НЕГОВИТЕ ГРАНИЦИ И ПОВРШИНИ
Подрачјето на стопанскиот комплекс е атарот на населено место Горно Коњаре-Општина Куманово. Локацијата на комплексот се наоѓа покрај коридорот Е-75 преку кој деректно е поврзана со патната мрежа на Р.Македонија и има директна врска со градот, како и со границата со Р. Србија на оддалеченост од 5 км. Директно преку коридорот Е-75 се поврзува и со Аеродромот Александар Велики, кој е на оддалеченост од 21 км, а на 40 км од Главниот Град на Р. Македонија-Скопје. Западно веднаш до самата локација поминува и меѓународната железничка пруга Скопје-Белград.
ПЛАНСКА ПРОГРАМА
Површината на планскиот опфат планиран со УПВНМ изнесува 65,00 хектари со вкупно 51 градежна парцела и со истиот се предвидени следните класи на намени:
Г-Производство, дистрибуција и сервиси каде спаѓаат:
Г2-Лесна и незагадувачча индустрија со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Д2, Г3, Г4-30%
Г3-Сервиси
Г4-Стоваришта
Е1-Комунална инфраструктура
Е2-Комунална супраструктура-трафостаница
Е3-Некомпатибилна инфраструктура
Б-Комерцијални и деловни намени каде спаѓаат:
Б2-Големи трговски единици со компатибилни класи на намена А2-20%, А3-20%, А4, Б3, Б4, В3-
40% и В5-10%
Б5-Хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Б4, Б6, В2, В3, Д3–40%
За спроведување на постапка за спојување и окрупнување на парцелите потребно е спроведување на предвидени законски процедури за промени на урбанистичкиот план за кои е потребно 12 до 24 месеци.
Информација за приклучок на струја , вода , канал и гас :
Вид на приклучок: | Забелешка: | |
1 | Уредување на градежно земјиште | Согласно Програмата за уредување на градежно
земјиште за 2017 година , Службен Гласник бр.13/2016 , индустријата во Општина Куманово е ослободена од плаќање на надомест за уредување на градежно земјиште. |
2 | Струја | На локацијата има далековод , а фирмата БЕНТОН
– НИ ДООЕЛ – Куманово , има поднесено барање за трафостаница |
3 | Вода | Постојат технички можности за воведување на
водоводен систем во временски интервал од 6 – 9 месеци |
4 | Канализација | На локацијата ќе поминува канал за фекални и
други комунални отпадоци , |
5 | Гас | Постојат технички можности за воведување на
гасоводен систем во временски интервал од 3– 6 месеци |
Информација за отуѓени парцели :
Досега се отуѓени 6 (шест) градежни парцели во КО Горно Којнаре со намена Г2- лесна и незагадувачкаиндустрија , при што од страна на Општина Куманово , Сектор за урбанизам , комунални дејности изаштита на животната средина и природата издадени се 6 (шест) одобренија за градење за отуѓенитеградежни парцели.
Одобренијата за градење се издадени за изградба на :
- Управна зграда и индустриска хала – магацин , издадено на инвеститорот БЕНТОН –НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 21, КП 1982/4 КО Горно Којнаре м.в. Речица ,
- Управна зграда и индустриска хала за производство на амбалажа , издадено на инвеститорот БЕНТОН – НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 1 , КП 2003/3 КО Горно Којнаре , м.в. Новине
- Управна зграда и индустриска зграда , издадено на инвеститорот БЕНТОН – НИ ДООЕЛ експорт – импорт Куманово , за ГП 11 , КП 2003/2 КО Горно Којнаре , м.в. Новине
- Хала за сечење , виткање и складирање на арматура за градежништво , издадено на инвеститорот КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ Куманово , за ГП 23, КП 1982/3 КО Горно Којнаре , м.в. Речица
- Отуѓена градежна парцела на инвеститорот ДГПТУ СИТИ АГРОКУЛТУРА ДООЕЛ увоз-извоз Куманово , за ГП 35, КП 1976/4 КО Горно Којнаре .
- Отуѓена градежна парцела на инвеститорот АМДИ ЏАФЕРИ од с.Отља, за ГП 32 , КП 32, КП 1976/3 КО Горно Којнаре.
Браунфилд инвестиции:
Назив на објект | Број на објекти | Адреса | Вкупна површина | Намена |
Фабрика ДСУ Фудс ДОО Куманово | 1 | 11 Октомври бб Куманово | 12173 m2 | Продажба |
Деловен објект-Киро Фетак | 1 | ЈНА 24
Куманово |
1300м2 | Изнајмување |
Фабрика за производство на брусни плочи и хартија | 1 | Драки,Туралево,Кратово | 10483м2 | Продажба |
No comment yet, add your voice below!